Концерт на квинтетот „Алегро“ во Центарот за култура во Кичево

– Во големата сала од Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево, во понеделник  5 јули, со почеток во 19 часот, првпат пред кичевската публика ќе претстави квинтетот „Алегро“ што го сочинуваат флејтистките Редина Бектеши и Фламуре Абдулаи, виолончелистката Сара Синани, пијанистката Рудина Бектеши и аранжерот и гитарист Јетмир Мехмеди. Овој квинтет своите активности ги започна минатата година со учество на Тетовски летен фестивал и на Струга фест во Струга.-Квинтетот Алегро е релативно млад состав кој активно настапува од минатата година, кога се претставивме на Тетовскиот летен фестивал и на Струга фест во Струга. Годинава имаме можност првпат да се претставиме во Кичево и Струга со проект финансиски подржан од Министерството за култура, истакна Јетмир Мехмеди.

Пред кичевската публика, нагласи, премиерно ќе се претставиме со дванаесет стари албански песни аранжирани од моја страна стриктно наменети за потребите на квинтетот „ Алегро“.

-Во рамките на програмата ќе имаме и едно интермецо каде ќе изведеме две класични дела и тоа „Серенада“ од Франц Шуберт  и дело на шпанскиот композитор Албенис Астуриас, специјално создадено за клавир, овој   пат во изведба на гитара. Настапот ќе го заокружиме со втор дел на стари албански песни, додаде Мехмеди.

Од Центарот за култура во Кичево посочија дека овој настан не е во рамките на програмата за годинава на Центарот за култура, туку е независен проект на квинтетот „Алегро“.

Back to top button
Close