Концерт на нашите најдобри гитаристи, придружувани од ЗЏМ Биг Бенд Оркестарот под диригентство на Џијан Емин

Концерт насловен – ZJM Big Band Orchestra & Macedonian Guitar Heroes ќе се одржи вечер со почеток од 21 часот во Паркот пред Младинскиот културен центар во Скопје.

-Станува збор за несекојдневен и единствен настан кој на иста сцена ќе ги обедини сите најдобри македонски гитаристи, придружувани од ЗЏМ Биг Бенд Оркестарот, под диригентство на Џијан Емин. Како што најавуваат организаторите, Петар Ренџов, Игор Атанасовски Харе, Венко Серафимовски, Димитар Божиков, Ади Имери, Зоран Костадиновски, Саша Спасовски Крокер, Предраг Икономовски, Влатко Стефановски и Александар Поп Христов се десетте македонски херои на гитара кои ќе бидат дел од овој настан кој ќе претставува своевиден самит на најдобрите гитаристи од Македонија, најавуваат од Здружението на џез музичари и слободни уметници  ЗЏМ Скопје.

На програмата ќе бидат изведени светски познати џез класици, аранжирани за Биг Бенд изведба од страна на членови на ЗЏМ – Зоран Костадиновски, Трајче Велков, Гордан Спасовски, Сашко Николовски, Дамир Имери и Џијан Емин.

Билетите за концертот се веќе во продажба (online на kupikartizase.commktickets.mk, преку сајтот или на билетарата на МКЦ) и се во ограничен број, а се предвидени за седење, при што ќе бидат запазени мерките за заштита од Ковид-19

Back to top button
Close