Концерт на Јосипа Лисац во Филхармонија – 50 години од „Дневник једне љубави“

„По британската, југословенската музика до 1990 година беше најдобра, највозбудлива и најкреативна музика во Европа. Во тој квалитет, не само до 1990 туку и до ден денес, по многу критериуми двои Јосипа Лисац… и секако, нејзиниот величествен албум „Дневник једне љубави“ кој според сите анкети се наоѓа во топ 10 најголеми регионални албуми на сите времиња. Големо задоволство ни е да ви најавиме дека Госпоѓа Лисац ќе го одржи ветувањето дадено во Лисински, кога беше гостинка наконцертот на Дијана Крал во Загреб… дека, иако сè поретко настапува далеку од дома, во Скопје сепак ќе се прослави 50 јубилеј од „Дневник једне љубави“ и ќе се отпеат сите нејзини големи песни“, вели организаторот „Авалон“.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба в петок (6 октомври) во 09 часот наутро онлајн на ticketx.mk и ширум продажната мрежа на ticketx по цена од 1.990 денари.

На барање на Јосипа, во Скопje ќе се одржи само еден јубилеен концерт.

Back to top button
Close