Концерт „Романтична балетска вечер“ во НОБ

– Во Националната опера и балет вечер ќе биде изведен балетскиот концерт „Романтична балетска вечер“. Изведбата е поставена и режирана од Ева Клоберг и Франк Андерсен, од Данска.

Балетскиот концерт опфаќа две балетски дела во кореографија на Аугуст Бурнонвил од Данска, инспирирани од Франција и Шпанија. „Конзерваториумот“ од 1849 година, што претставува омаж на неговата младост и едукативен престој во Франција и „La Ventana (Прозорецот)“ кој ја отсликува неговата страст за Шпанија.

Музиката е од Х. С. Паули, Х. К. Лумбие, В. К. Холм, Е. Хелстед, сценографијата е на Зоран Николовски, костимите се изработени од Марија Пупучевска, а асистент на продуцентите е Саша Евтимова.

Како што соопштија од Националната опера и балет, на концертот ќе настапуваат првенци, солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени поради пандемијата Ковид-19 за одржување настани, а билетите се во строго ограничен број.

Back to top button
Close