Концертот на Бреговиќ во Корча , сепак не помина без инциденти

Синока во албанскиот град Корча , на петата вечер од панаѓурот на  Корчанското пиво , свој концерт имаше и познатиот Горан Бреговиќ. И покрај силните мерки на безбедност концертот не помина без инциденти, бидејки за време на концертот  без фрлени димни кутии . Албанското МВР информираше дека  осум млади биле  приведени .

Албанските медиуми јавија дека и покрај фрлањето на диминте кутии , концертот Бреговиќ не го прекинал , и концертот траел 12о минути . Организаторот на концертот општината Корча  соопшти дека концертот на Бреговиќ бил следен од голем број на лубители на неговата музика кои биле како од Албанија така и од други држави од регионот . Бреговиќ со својот дувачки ансамбл  концертот го отвори со мелодијата на албански јазик ,,Косовка ,, а го заврши со неговиот хит ,,Калашников,, , мелодија за која имаше реакции  дека ,,била против албанците на Косово,,.

Во престрет на концертот на Бреговиќ во Албанија и Косово имаше барања општината да не го реализира концеретот со Бреговиќ и притоа беа упатувани и закани . раководството на Корча одговори дека Концертот на Браговиќ ке се одржи . Медиумите јавија дека над 2оо полицајци го обезбедувале концертот на  музичкиот лидер на ,,Блело Дугме ,, Горан Бреговиќ кој во изјава за Тиранската телевизија ,,News 24 ,, рече дека тој со задоволство настапува во Албанија .  Инаку наведената телевиџија го пренесуваше концертот на живо . Во бројните реакции за концертот како што пренесуваат албанските медиуми, отворено против концертот на Бреговиќ застана политичкото движење  ,, Самоопределување ,, кое  покрај покрај во Косово има своја регистрација како партија и во Албанија .

КМ

Back to top button
Close