Кондовци грабнале жител на Долно Свиларе, роднини го нашле тепан во Кондово

Неколкумина жители на скопското село Кондово вчера киднапирале 27-годишен жител на соседното Долно Свиларе, а роднините го пронашле во Кондово со повреди на телото, соопшти полицијата.

„На 01.06.2021 во 17.10 часот во Полициската станица Сарај, А.Р.(60) од с.Долно Свиларе пријавил дека околу 16.30 часот неколку лица противправно го лишиле од слобода З.А.(27) од с.Долно Свиларе. По кратко време, од негови роднини З.А. со повреди бил пронајден во с.Кондово и бил пренесен во болница за укажување на лекарска помош“, велат од МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close