Кондовски: Битола ќе добие “Шелтер центар” каде жените ќе бидат безбедни, ќе го трасираат и својот пат кон финансиска стабилност и независност!

Родовата еднаквост е цивилизациско достигнување кое доследно ќе го почитувам !

Неопходно е да обезбедиме институционална поддршка на жените во нашата заедница за заштита од секаков вид насилство!

Битола ќе добие “Шелтер центар” преку кој жените покрај тоа што ќе добијат безбедност, ќе го трасираат и својот пат кон финансиска стабилност и независност !

Центарот ќе дава правна, социјална и психолошка поддршка на жени и деца, жртви на семејно и родово базирано насилство.

Ќе изградиме ЧУПЕ ПАРК, простор оплеменет и прилагоден за одржување на настани во организација на женските здруженија. Проектот во износ од 20.000 евра ќе се реализира во соработка со јавните претпријатија Комуналец и Нискоградба
Ќе бидат отворени и клубови на рурални жени. Тоа ќе го зголеми бројот на жени кои се регистрирани како самостојни земјоделки и жени сопственички на земјоделско земјиште или имот.

Само со взаемна почит и рамноправност Битола можеме да ја градиме како здраво и напредно општество.

Back to top button
Close