Кондовски: Битола ќе добие современа противпожарна заштита по теркот на модерните европски градови !

Битола ќе добие современа противпожарна заштита по теркот на модерните европски градови !
Битолската станица е значаен регионален противпожарен центар и за да го зачува тој епитет потребни се нови и сериозни инвестиции.
Изградба на нов, современ објект за противпожарна заштита кој ќе биде лоциран во комплексот на АРМ.
Екипирање на ТППЕ со уште 15 пожарникари.
Комплетно ќе се обнови опремата на пожарникарите. Ќе се набават нови противпожарни возила за новата, но и за постоечката противпожарна единица.
Финансирањето на овој проект ќе биде преку општината, централната власт, невладини организации и фондации и странски донатори.
Општината по брза постапка ќе ја реализира целосната документација во согласнот со ГУП и ДУП !

Back to top button
Close