Кондовски: Битолскиот регион, Пелистер и потпелистерието се вистински магнет за љубителите на планината и адреналинските спортови!

Битолскиот регион, Пелистер и потпелистерието се вистински магнет за љубителите на планината и адреналинските спортови!
Тоа мора да се искористи во функција на развој на туризмот, но исто така овие капацитети треба да се стават во фунција на поголеми можности за спорт и рекреација на битолчани!
Ова денеска им го порачав и на големите вљубеници на планината и адреналинските спортови, членови на ПСК Пелистер, Битолски конзули, Extreme bike и Pelister Unique Trail Marathon.
Како иден градоначалник ја повторив мојата заложба за вложување во инфраструктура, вклучително и во патната инфраструктура во овој регион, што е потреба како за битолчани, така и за посетителите кои доаѓаат на Пелистер од целата држава, но и од странство.
Дополнително, уредувањето на планинарски патеки и вложувањето во капацитети кои ќе го унапредат туризмот ќе даде посебен импулс во оваа област, како и поголемата поддршка за здруженијата кои низ посветено секојдневно работење го шират добриот глас за Пелистер и Битола, привлекувајќи туристи од целиот свет!
#Најдоброто за Битола!

Back to top button
Close