Кондовски: Големата ротаријанска идеја не обединува во обврската за континуиран придонес во заедницата!

Големата ротаријанска идеја не обединува во обврската за континуиран придонес во заедницата!
Посебна чест и задоволство, лично од моите Ротаријанци, што можев да ja почуствувам нивната безрезервна поддршка, заеднички согласувајќи се дека придонесот сега максимално треба да биде насочен кон ЕФИКАСНО и ЕФЕКТИВНО МЕНАЏИРАЊЕ на општина Битола!


Преку Ротари клубот Битола досега сме реализирале многубројни активности за поддршка на различни категории граѓани и институции. Заеднички утврдивме дека тоа треба да продолжи во уште поголема мера!
Наша водилка и натаму останува визијата на Ротари Интернационал како меѓународна организација која работи за доброто на човештвото, поврзувајќи ги елитните професионални лидери во светот, кои своите професионални вештини, знаења и материјални средства, преку застапување на високи етички стандарди, ги посветуваат на ПРИДОНЕС ВО ЗАЕДНИЦАТА!

Back to top button
Close