Кондовски: Изборните резултати даваат одлична основа за победа во вториот круг кој е веќе извесен и во кој најавувам повторно позитивна и прогресивна кампања

Ви честитам за мирниот, фер и демократски избирачки ден кој беше олицетворение на сиот изборен процес што го водевме заедно со вас.

Им честитам на сите учесници на овие избори кои излегоа на мегдан пред граѓаните и на сите избрани членови на советот во Општина Битола.
Од сесрце ви благодарам за големата изразена поддршка до мене како кандидат за градоначалник и поддршката за нашите советници.

Изборните резултати даваат одлична основа за победа во вториот круг кој е веќе извесен и во кој најавувам повторно позитивна и прогресивна кампања.
Во вториот изборен круг најавувам локално обединување на сиот коалициски потенцијал кој сега беше разлеан на повеќе страни, но и позитивен поттик на излезност на сите кои денес од различни причини не излегоа на гласачките места.

Драги битолчани, ве уверувам ќе имаме заедничка победа која ќе ви припаѓа вам и на нашата Битола!

Back to top button
Close