Кондовски: Младите имаат најголем потенцијал за иновации, но им треба институционална поддршка !

Младите имаат најголем потенцијал за иновации, но им треба институционална поддршка !
 Технолошки парк ќе ја канализира финансиската, кадровската и административната поддршка која ќе им овозможи на младите да ги реализираат своите бизнис идеи !
Технолошкиот парк ќе работи во партнерство на општината, битолскиот универзитет, стопанскиот сектор, централната власт и странски донатори
 Во фокусот ќе бидат технолошките иновации, информатичката индустријата и трансферот на технологии. Целта е акцелерација на старт ап компаниите и поддршка за нивен забрзан развој. Тоа ќе донесе нови работни места за младите !
 Почетната инвестиција во технолошкиот парк ќе изнесува 300.000 евра
 Крајната цел е младите битолчани и битолчанки да добијат шанса за кариера и да бидат вреднувани соодветно на образованието и трудот !

Back to top button
Close