Кондовски: Многу сум задоволен што за барањата на граѓанската иницијатива БитолаНаТочак веќе се предвидени решенија во мојата изборна програма за овие локални избори

Многу сум задоволен што за барањата на граѓанската иницијатива БитолаНаТочак веќе се предвидени решенија во мојата изборна програма за овие локални избори.

Голем дел од размислувањата и на моите противкандидати за изградба на велосипедски патеки низ Битола кои ги разменивме денес на јавната дискусија “Битола вело град во еден мандат”, исто така се составен дел на мојата платформа.

Toa за мене е потврда дека Битола навистина може да биде велоград за еден мандат !
Моето ветување е дека велосипедската мрежа во Битола во првата фаза ќе се протега во должина од 20 километри !
Развојот на Битола продолжува. Ги имам најдобрите проекти за нашата општина !
Најдобрите проекти носат развој, а развојот носи подобар живот !

 

Back to top button
Close