Кондовски: Mојот противкандидат e дел од матрицата на режимот на Никола Груевски, на владеењето на Владимир Талевски кој ја девастира Битола

Да зборуваме за проекти и идеи. Но, некако мојот против кандидат нон стоп ме лепи за матрица, а тој е една матрица на режимот на Никола Груевски, на владеењето на Владимир Талевски кој ја девастира Битола.
Еве, јас само со факти од реални портали од реални слики, еве видете овде е со Никола Груевски, со Владимир Талевски и тој. Значи се работи за еден стар режим, а има лице и смелост да ми кажува дека јас сум од некоја матрица.
Упорно повторувам и со докази и со сè, знаат и битолчани дека не сум бил досега на никаква јавна функција. И немам потреба од тоа да се страмам, сметам дека тоа е моја компаративна предност и цело време во секоја реченица исто се зборува матрица, ова, она…
Еве ја матрицата. Оваа матрица е режим. 12 години што е направено за Битола? Овие 4 години мака се мачеше да се одкочи Битола баш од таа матрица. Тоа е новото лице на таа истата матрица. Нема член во екипата сменето во нивната екипа.

Back to top button
Close