Кондовски: Мој приоритет е секој слободен денар да оди во инфраструктура !

Со задоволство ја прифатив поканата и учествував на јавната дебата “Форум за граѓански дијалог” за поттикнување на директното учеството на граѓаните во јавната дискусија за приоритетите, проблемите и потребите во нивните локални заедници.
 Ги претставив моите конкретни решенија за Битола во делот на инфраструктурата, урбанизмот, младите и животната средина.
Мој приоритет е секој слободен денар да оди во инфраструктура ! Тоа ќе биде мотор за локален економски развој !
 Целата моја програма е насочена кон тоа Битола да прерасне во економски развиена општина со решени прашања на полето на инфраструктурата, урбанизмот и животната средина.
Битола мора да биде град по мерка на сите битолчани ! Општина каде ќе се гради, но за секој изграден квадратен метар ќе добиваме и квадратен метар зеленило. Тоа ќе биде услов и кон инвеститорите

Back to top button
Close