Кондовски на средба со членови на Форумот на пензионери и на СДММ
Средбата во битолскиот градски парк која денеска ја остварив со членови на Форумот на пензионери и на СДММ упатува на една значајна симболика!
А тоа е дека во фокусот на нашата програма се екологијата, чистата животна средина и повисокиот животен стандард и за младите и за возрасните!
Заедно одбележувајќи го и честитајќи го 1-ви октомври – Меѓународниот ден на старите лица, ја упатуваме пораката дека младите треба да ги насочиме да ги почитуваат постарите, бидејќи тие дале и тоа како голем допринос во сите сфери на општеството!
Со нашата заложба за поттикнување на економскиот развој и обезбедување на подобри услови за живот ја покажуваме нашата почит и грижа за сите генерации, за сите граѓани на Битола!