Кондовски на средба со претставници на Здружението на дијабетичари во општина Битола

На средба со претставници на Здружението на дијабетичари во општина Битола се запознав со актуелните проблеми на оваа категорија на пациенти.
Активно и ефикасно партнерство помеѓу локалната самоуправа, здравствените установи и здруженијата на пациентите е основа за обезбедување на подобра превенција и поголема заштита на здравјето на сите категории граѓани.
Редовната комуникација и здравствената едукација се неопходни во тој процес.
Покрај тоа, во насока на заштита на животната околина, заедно ја утврдивме потребата од изнаоѓање на еколошки начини на одлагање на инсулинскиот отпад.

Back to top button
Close