Кондовски на заедничка маса со членови на спортските клубови

На заедничка маса со членови на спортските клубови од областа на фудбалот, ракометот, кошарката, куглањето, одбојката, велосипедизмот, планинското трчање, бодибилдингот, џудото и пливањето, како и со претставници на Сојузот на спортови, дискутиравме за актуелните состојби во битолскиот спорт.

Заеднички утврдивме дека поддршката е неопходна, со цел спортот во Битола да се развива во насока на самоодржливост на спортските клубови. Битола е спортски град! Само силни спортски клубови достојно можат да ги бранат боите на трофејна Битола!

Back to top button
Close