Кондовски: Обединети да извојуваме победа за Битола!

Обединети да извојуваме победа за Битола!
Денеска ја заокружуваме една од најнепосредните изборни кампањи. Низ неа во фер и демократска атмосфера ги упативме главните пораки за прогрес и обединување! Пред вас настапив со отворена душа и чисто срце. Затоа, особено Ви благодарам на топлиот прием и искрениот разговор со кој ме пречекавте. Се надевам дека успеав да ви ја доближам мојата визија со која Битола заедно ќе ја направиме град на иднината!
Пред вас излегов како човек кој доаѓа од реалниот сектор, со сериозна програма која заедно ја надоградивме. План со конкретни идеи и проекти, буџет и рок на реализација. Ветувам дека програмата ќе ја реализирам 100%. Не дека тоа ќе биде лесно, но едноставно мора да го надоместиме изгубеното време. Битола нема време за чекање!
Битолчани не заслужуваат црни кампањи! Битолчани заслужуваат Битола ОБЕДИНЕТА да тргне напред, бидејќи нема да живееме во минатото, туку во иднината! Нашата општина мора да напредува со брзо темпо! Имам енергија, младост, но и искуство да го придвижам општинскиот развој! Затоа и влегов во овој политички натпревар! Кожа не ме држи да слушам оправдувања и поплаки. Време е за работа за Битола! Најпродуктивните години, сакам заедно со вас, да ги посветам на подобрување на локалните услови на живот и подигнување на стандардите за секое битолско семејство. Имам жар и храброст за крупни чекори во прогресивна насока. За поубава Битола ми треба вистински партнер. А кој, во оваа мисија, би бил подобар партнер од вас, почитувани мои сограѓани.
Токму затоа денес уште еднаш ја барам вашата поддршка! Барам ваше активно учество во процесите кои Битола ќе ја движат напред! Барам ваше активно партнерство! Давајќи ми шанса, ви порачувам: од мене да очекувате резултати! Нема да се штедам. Јас не сум навикнат на политика, туку на работа! Работа за Битола и битолчани!
Во текот на изборната кампања се обидов да ја изострам разликата, не помеѓу мене и мојот противкандидат, туку разликата помеѓу РАЗВОЈОТ и УНАЗАДУВАЊЕТО! Разликата помеѓу ПРОГРЕСОТ и СТАГНАЦИЈАТА! Два дијаметрално спротивни концепти. Во недела не се одлучува само за име и презиме на градоначалникот на Битола. Во недела се носи одлука за тоа дали и како Битола ќе се развива во следните 4 години.
Тоа не е краток период од нашите животи за да биде залудно потрошен. Тоа е период кој треба да биде развоен! Да не дозволиме нашиот дом да падне во лоши раце! Затоа, во недела МАСОВНО и ОБЕДИНЕТИ да излеземе на гласачките места и да го избереме концептот на ПРОГРЕСОТ.
Во тоа име – јас, Христо Кондовски ја барам вашата поддршка ОБЕДИНЕТИ да ја градиме Битола таква каква што ја сакаме! Да го избереме бројот 12! Да сте ми живи и здрави, Да живее Битола!

Back to top button
Close