Кондовски: ОБЕДИНЕТИ ќе го развиваме ски центарот Копанки, како и спортскиот и рекреативен туризам на Пелистер и во потпелистерските места

Пријатно сум изненаден од новиот изглед кој го добива ски стазата Копанки и околината на Хотелот Молика.
Битолчани заслужуваат најдобри можни услови за скијање и рекреација и со преземените активности тука на Копанки се движиме чекор напред кон остварување на таа желба и намера.
Сите компании, здруженија, организации, друштва и поединци – љубители на скијањето и спортската рекреација ОБЕДИНЕТИ ќе го развиваме ски центарот Копанки, како и спортскиот и рекреативен туризам на Пелистер и во потпелистерските места.
Како иден градоначалник на Битола се надевам дека Планинарскиот дом Копанки ќе излезе од судските лавиринти и ќе биде дом на сите битолчани и посетители на Битола.

Back to top button
Close