Кондовски: Општината ќе биде активен играч во поттикот и поддршката на економскиот раст и развој на Битола

Кандидатот за градоначалник на Битоал на СДСМ, Христо КОндовски, на средба со битолски стопанственици изјави дека општината ќе биде активен играч во поттикот и поддршката на економскиот раст и развој на Битола.
-За да можат да инвестираат, да ги прошират своите капацитети и да отворат нови работни места на битолски стопанственици им е потребна и поддршката од локалната самоуправа, пред се во вид на ефикасно донесување на деталните урбанистички планови !
Ваква порака ми упатија Христина Фуна и Синиша Петровиќ, сопственици на Синпекс ДОО – една од најзначајните домашни компании во земјата, која од 1990 година врши продажба и сервисирање на гама на производи, механизација, машини и опрема наменети за земјоделстството, шумарството, градежништвото, како и за општа употреба.
Им честитам на решителноста, искуството и знаењето, но и желбата за осовременување и унапредување на македонскиот земјоделец со тоа што успеаа да донесат светски брендови за производство на различна механизација во нашата земја!
Се согласив дека урбанистичкото планирање на градот мора да биде во функција на сите граѓаните, вклучително и на стопанственциите.
Општината ќе биде активен играч во поттикот и поддршката на економскиот раст и развој на Битола! – вели тој.

Back to top button
Close