Кондовски: Пелистер отсекогаш бил совршено место за рекреација на битолчани но денес тоа е надополнето со многу возбудлива енергија благодарение на деветтото издание на PELISTER DOWNHILL CUP, со учесници од цел Балкан

Пелистер отсекогаш бил совршено место за рекреација на битолчани, но денес тоа е надополнето со многу возбудлива енергија благодарение на деветтото издание на PELISTER DOWNHILL CUP, со учесници од цел Балкан!
Задоволство ми беше да бидам дел од таа енергија! На организаторите, Extreme bike team Bitola, им честитам на организацијата и креативноста!
На денешната средба со нив, разговаравме за важноста од одржување на традицијата и брендот на оваа престижна спортска манифестација, но исто така и за потребата од уредување на нови велосипедски патеки во месноста Смолево.
Нови простори за авантуристички ектремен велосипедизам, за уште многу енергија за сите вљубеници на овој спорт во Битола!

Back to top button
Close