Кондовски: Развојот на нашата Битола мора да допре до секој наш сограѓанин – независно дали живее во центарот на градот, подалечна населба или рурална средина

Развојот на нашата Битола мора да допре до секој наш сограѓанин – независно дали живее во центарот на градот, подалечна населба или рурална средина!

Сите се поддеднакво важни!

Ветувам инфраструктурно, комунално и сообраќајно уредување на месните заедници, со цел повторно да ги заживееме!

 

Обнова на коловозот и поставување физички пречки за смирување на сообраќајот во зоните со училишта и зоните за домување!

 

Патна инфраструктура, спортски терени, игралишта, атмосферска и фекална канализација во руралните средини каде тие недостигаат!

Уредување на зелени површини и простори за рекреација, забавни детски паркови и мини детски игралишта

За ова одвојуваме годишен буџет од 500.000 евра!

Најдоброто за Битола и битолчани ќе стаса во секоја микро средина!

Битола е секој човек, Битола е секое населено место!

 

Back to top button
Close