Кондовски: Сакаме економски и инфраструктурно развиена општина, општина каде луѓето сакаат да живеат и да работат

Чест ми беше вечерва во присуство на голем број битолчани да ја најавам победничката советничка листа, идните членови на Советот на општина Битола од редот на СДСМ и коалиционите партнери.

Нашата заедничка визија е јасна! Сакаме економски и инфраструктурно развиена општина, општина каде луѓето сакаат да живеат и да работат, општина полна со паркови и катчиња за спорт, релаксација, култура и забава. Сакаме модерен град, но и развиени села!
Ние знаеме како да го постигнеме тоа! Јас можам!!
Имаме програма и кадри кои го носат НАЈДОБРОТО ЗА БИТОЛА, НАЈДОБРОТО ЗА БИТОЛЧАНИ!
Јас немам ниту една дилема дека сме на вистинскиот пат, ни најмала заддршка! Ќе успееме! Зашто тоа е патот кој ни го покажаа граѓаните.
Ние сме најдобриот избор за Битола!
Не само затоа што анкетите со сигурност потврдуваат дека ПОБЕДУВАМЕ, туку затоа што лично ја видов таа ПОБЕДА во очите на битолчани!!!
Видов доверба и надеж дека Битола ќе ја биде и тоа НА ЧЕЛО СО НАС!
Битолчани во нас гледаат шанса за напредок и КОНКРЕТНА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОГРАМАТА, што ќе донесе РАЗВОЈ НА БИТОЛА. Во нас гледаат СИГУРНИ ЛУЃЕ да го постигнат тоа!
Тоа е доказ дека ни ВЕРУВААТ!
ТАА ДОВЕРБА НЕ ОБВРЗУВА – ПРОГРАМАТА МОРА ДА ЈА РЕАЛИЗИРАМЕ 100%!!! НЕМА ПОВЕЌЕ ПРОСТОР ЗА ИЗГОВОРИ, ТУКУ ЕДИНСТВЕНО ЗА РЕЗУЛТАТИ! РЕЗУЛТАТИ ЗА НАШИТЕ СОГРАЃАНИ!
Затоа ВЕ ПОВИКУВАМ на 17 октомври сите да излеземе и да дадеме поддршка на победничката коалиција предводена од СДСМ!
Да го заокружиме победничкиот број 12!
ПОБЕДУВАМЕ ВО ПРВ КРУГ!!!

Back to top button
Close