Кондовски: Вложуваме во повеќе зеленило и паркови во сите делови на градот, а остануваме посветени и на подобрувањето на квалитетот на воздухот !

Општина Битола ја поддржува зелената агенда што овие четири години ја практикува Владата предводена од СДСМ !
Вложуваме во повеќе зеленило и паркови во сите делови на градот, а остануваме посветени и на подобрувањето на квалитетот на воздухот !
Со редица проекти предвидени во мојата програма, како што се подземна сообраќајница во центарот на градот и изградба на велосипедски патеки, ќе го подобриме квалитетот на воздухот во Битола !
Субвенциите за енергетско ефикасни фасади ќе дадат нов лик на станбените објекти !
Фотоволтаиците што ќе ги поставиме на покривите на јавните објекти ќе бидат уште еден чекор кон заштита на животната средина и одржлив развој, заснован на обновливи извори на енергија !
Се обврзувам дека Општина Битола активно ќе се вклучи во овозможување на локалните услови за обновливи извори на енергија, интегрирајќи ја оваа технологија и во локалните институции, училишта и градинки !
Најдоброто за нашата животна средина е најдоброто за Битола, најдоброто за вас, почитувани сограѓани !

Back to top button
Close