Кондовски: Во Битола ќе отвориме поголеми можности за кариера за младите образовани луѓе!

Многу сум задоволен што за проектот кој предвидува отворање на Технолошки парк во Битола, денеска слушнав бројни позитивни реакции, покрај другите и од Ректорот на УКЛО, Проф.д-р Сашо Коруновски, Претседателот на Сенатот на УКЛО, проф. д-р Пеце Николовски и проректорот за наука Проф. д-р Игор Неделковски, како и повеќе други универзитетски професори.

Јас се образував на битолскиот универзитет и знам дека истиот има огромен капацитет да вложи енергија, знаење и искуство за да ја поддржи реализацијата на оваа идеја!

 

Back to top button
Close