Кондовски: За децата со интелектуална попреченост и нивните родители ќе обезбедиме поголема поддршка во процесот на социјализација и подготовка за посамостоен живот

За децата со интелектуална попреченост и нивните родители ќе обезбедиме поголема поддршка во процесот на нивна социјализација и подготовка за посамостоен живот. Како иден градоначалник на Битола се обврзувам таа поддршка да биде континуирана и системска.

Ова им го порачав на претставниците на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост Порака Битола, кои посветено работат со оваа категорија деца од нашиот град.
При посетата на Центарот „Порака“ видов дека овде низ квалитетни работилници се едуцираат и социјализираат талентирани деца, на кои им треба внимание и поддршка за да продолжат посигурно да чекорат низ животот. Особено ме трогна нивната желба за часови по гитара.
Да им подадеме рака на овие деца и нивните родители е наша обврска како заедница, а идната локална самоуправа ќе биде нивна стабилна потпора во процесот на обезбедување системска поддршка преку програми кои ќе го поддржат нивниот личен, социјален и професионален живот.
Тоа подразбира и проширување на просторните можности на Центарот, како и негово доопремување спрема потребите на образовните програми.

Back to top button
Close