Конференција на ЦИВИЛ „Перспективи 2021“

ЕУ интеграции, борба против дезинформациите и хибридните закани, антикорупција, правда, попис, избори, антинационализам, зелени вредности и човекови права, се дел од темите на кои ќе се говори на денешната конференцијата на ЦИВИЛ под наслов „Перспективи 2021“.

Учесниците на конференцијата, како што е најавено ќе говорат и за постигнувањата и промашувањата, како и кон идната 2021 година, но и кои се очекувањата, препораките и прогнозите за Северна Македонија во претстојната година.

Од ЦИВИЛ како учесник на конференцијата го најавија министерот за здравство Венко Филипче, како и директорот на ФИТР, Коста Петров и директорката на УЈП, Сања Лукаревска. За учество на конференцијата се најавени и претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска, професорките Катерина Колозова и Беса Арифи, градоначалникот на Гостивар и еден од лидерите на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, претседателката на СОЖМ, Савка Тодорова и низа други ќе ги слушнеме и видиме на оваа конференција

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close