Конференција за социо-економското влијание на КОВИД-19
Агенциите на ОН во земјава и Finance Think денеска организираат онлајн конференција „Социо-економско влијание од КОВИД-19 во Северна Македонија – научени лекции и препораки за успешно и одржливо закрепнување“.
Конференција ќе биде поделена во два панела, а во воведниот дел обраќање ќе има Росана Дуџак, координатор на ОН во РС Македонија.
На првиот панел „Заштита на луѓето преку основни услуги“, преку видео порака ќе се обрати Џихан Тавилах , претставник на СЗО, а ќе говорат и министерките за труд и социјална политика и за образование и наука Јагода Шахпаска и Мила Царовска, Фрејк Јанмаат од Делегацијата на ЕУ во Скопје и Патриција Ди Џовани, претставник на УНИЦЕФ.
На вториот панел „Заштита на економијата: макро-економска стабилност и закрепнување на економијата“, како говорници се најавени министерот за финансии Фатмир Бесими, директорот на Канцеларијата на Светска банка во С Македонија, Масилимилиано Паолучи, Даниела Зампини, експерт за вработување од Меѓународната организација на трудот и Нарине Сахакјан, постојан претставник на УНДП.
Конференцијата ќе биде заокружена со завршни забелешки на претставаници на Finance Think.