Конфиндустрија: Јавниот долг на Албанија, до крајот на годинава може да надмине 100 проценти од БДП

– Албанската Конфиндустрија денеска изрази загриженост во врска со порастот на јавниот долг на земјата и предупредува дека до крајот на годинава постои опасност да надмине 100 проценти од бруто домашниот производ (БДП).

Во соопштението на Конфиндустрија се наведува дека официјалниот јавен долг на Албанија во 2020 година ќе надмине 86 проценти од БДП, што претставува „сериозен ризик за финансиската стабилност и економскиот развој на земјата“. Но, во случај да се земат предвид други показатели, реалниот јавен долг на Албанија ризикува да надмине 100 проценти од БДП на крајот на 2020 година.

– Конфиндустрија проценува дека официјалниот јавен долг на Албанија во 2020 година ќе надмине 86 проценти од БДП, што претставува сериозен ризик за финансиската стабилност и економскиот развој на земјата за подолг период. Горенаведената проценка се заснова на резултатите од анализата на макроекономската одржливост на земјата за првите шест месеци од 2020 година спроведена од Центарот за истражување на Конфиндустрија, се наведува во соопштението.

Се посочува дека главните причини за силното зголемување на тежината на јавниот долг во 2020 година се очекуваниот пад од најмалку девет проценти од БДП, споредено со 2019 година, како резултат на рестриктивните мерки против Ковид-19, издавање на еврообврзницата од 650 милиони евра, како и неподмирените обврски на трети лица во износ од најмалку 600 милиони евра кои се официјално соопштени.

Минатата година официјално беше соопштено дека јавно долг на земјата е околу девет милијарди евра што е 67 проценти од БДП.

„ Центарот за истражување на Конфиндустрија проценува дека горенаведените суми не содржат износи од 2,2 милијарди американски долари склучени договори досега по пат на јавно приватно партнерство, заеми обезбедени за справување со последиците од земјотресот во 2019 година, државни обврски за подмирување на казни во меѓународни судови, како во случајот Бечети во висина од над 140 милиони евра и слично, посочува Конфиндустрија.

Заклучува дека доколку се земат предвид споменатите ставки, реалниот јавен долг на Албанија ризикува да надмине 100 проценти од БДП на крајот на 2020 година.

Back to top button
Close