Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на 12 декември, Mицковски единствен кандидат

Со СДСМ нема да има нова влада, може само да има продлабочување на економската, енергетската и политичката криза. ВМРО-ДПМНЕ затоа смета дека брзи избори би биле единственото решение за излез од таквата криза, а се друго е продлабочување на кризата и уште поголема неизвесност, изјави по вечерашната седница на Извршниот комитет на партијата, пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, посочи Ковачки, расправал и за партиски прашања и утврдил дека претстојниот редовен конгрес на партијата ќе се одржи на 12 декември во Скопје.

-На овој конгрес ќе се трасира патот на идното делување и политиките на ВМРО-ДПМНЕ во насока на нашите ветувања за обезбедување на промени во општеството и нова иднина за сите луѓе во Македонија, изјави Ковачки.

Back to top button
Close