Конгресменката Тени изрази жалење поради трагична автобуска несреќа во Бугарија

 Длабоко жалам за трагичниот настан денеска во кој 45 македонски граѓани, вклучително и 12 деца, загинаа во автобуска несреќа во Бугарија, напиша на Твитер конгресменката Клаудија Тени. 

-Испраќам сочувство од сѐ срце до самејствата на жртвите, и се молам за оние кои беа повредени, напиша конгресменката. 

Тени, републиканка избарана од 22-от дистрикт на Њујорк, е член на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом и дел од поддржувачите на Северна Македонија во американскиот Конрес.  

Таа е една од потписниците на писмото, испратено минатата недела, од повеќе конгресмени до бугарскиот амбасадор во Вашингтон, во кое се бара Бугарија да ја тргне блокадата за преговори на Северна Македонија со ЕУ

Back to top button
Close