Конгресот на САД подготвува закон за ставање на ликот на Трамп на банкнота од 100 долари
Републиканскиот пратеник во Конгресот на САД, Брендон Гил од Тексас изјави дека планира да предложи закон според кој, ликот на Трамп да биде ставен на банкнота од 100 долари, и тоа да се случи по крајот на неговиот мандат.
-Наместо да ги ужива своите златни години играјќи голф и поминувајќи време со своето семејство, претседателот Трамп пожртвувано работи за оваа земја и вложува напори за обезбедување на нашата граница, исправање на нерамноправните трговски односи со светот, враќање на енергетската независност на Америка и ставање на Америка на прво место преку запирање на бескорисната странска помош, се наведува во соопштение од Гил.
Предлогот ликот на Трамп да се стави на банкнота од 100 долари е дел од тековните напори за зацврстување на неговото наследство, но познавачите велат дека е малку веројатно оваа иницијатива да добие широка подршка од двете партии.
Критачарите истакнуваат дека она што милиони Американци ги засега се високите цени на храната и горивото, а не такви симболични гестови како редизајнирање на американската валута.
Гил тврди дека ставањето на Трамп на местото на Бенџамин Френклин, чиј лик е на банкнотата од 100 долари, „е мал начин да се оддаде почит за сè што ќе постигне во следните четири години.“
Неговиот законодавен предлог доаѓа по сличната иницијатива минатата недела од пратеникот Џо Вилсон, републиканец од Јужна Каролина, кој предложи ликот на Трамп да се најде на нова банкнота од 250 долари. Тој предлог е поддржан од тројца други конзервативци во Претставничкиот дом.
Последната значајна промена во дизајнот на американските банкноти се случи во 1929 година, кога Ендрју Џексон го замени Грувер Кливленд на банкнотата од 20 долари.
За вакво нешто потребна е измена на актуелниот закон, но изгледа дека за тоа нема волја кај мнозинство од републиканците кои ги контролираат двата дома на Конгресот.