Конкурс за изработка на мурал на фасадата на КСП Центар – Јадро

Културно-социјалниот простор Центар-Јадро објави конкурс за изработка на мурал на фасадата на Центарот, со цел промоција на уметноста во јавен простор.

Муралот треба да биде реализиран во периодот август – септември 2020 година.

Културно-социјалниот простор Центар-Јадро е модел на јавно-цивилно партнерство со акцент на независната културна сцена и нови социокултурни процеси и муралот треба да ги отсликува основните начела на Центарот.

На конкурсот право на учество имаат сите уметници кои се државјани или резиденти во Република Северна Македонија. КСП Центар – Јадро обезбедува средства за материјали за изработка на муралот, како и авторски хонорар во износ од 25.000 денари.

Авторот/ите треба да приложат скици за муралот, краток опис за концептот како и кратка биографија на мејл-адресата  [email protected], најдоцна до 15 август годинава, со назнака „Конкурс за изработка на мурал“ и податоци за авторот/ите (име, презиме, телефонски број).

Back to top button
Close