Констатирани неправилности во работењето на три отпади за половни возила во Скопско

 Во скопско Визбегово, полициски службеници од одделот за криминалистичка полиција при МВР во координација со претставници на Царинската управа, Државниот инспекторат за животна средина, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат денеска извршиле контрола во три отпади за половни возила, сопственост на Р.З. од село Визбегово, И.А. од Скопје и С.А. од село Визбегово.
При контролата, информираа од МВР, било констатирано дека сите три отпади работат без регистрирана дејност, односно фирма во Централниот регистар, без дозвола за работа од Министерството за животната средина и природата, а биле затекнати и повеќе различни типови нецаринети возила со странско потекло.
За сите констатирани недостатоци, против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Back to top button
Close