Конте ја отфрли најновата понуда на „Атлантија“ за управување со автопатиштата

Италијанскиот премиер Џузепе Конте ја отфрли најновата понуда на „Атлантија“, групација за изградба на инфраструктура која, откако во 2018 година се урна мост во Џенова со кој управуваше една од нејзините компании, се обидува да ја задржи профитабилната концесија за управување со автопатиштата.

При падот на мостот 43 лица го загубија животот, а „Атлантија“ предложи да се откаже од контролата врз компанијата што управуваше со објектот и да преземе финансиски обврски, но Конте го оцени тој предлог како недоволен и го окарактеризира како „шега“.

– Пристигна предлог во саботата кој е многу незадоволителен, да не кажам срамен, изјави Конте за италијанскиот весник „Ил фато квотиџијано“.

Тој рече дека заедничката одлука на Владата за ова прашање ќе биде донесена на седницата закажана за вторник, но посочи дека ќе препорача одземање на концесијата.

 

Back to top button
Close