Конте: Ќе ја тужам „Република“ за лагите, имам 3-годишен договор со Интер

Тренерот на Интер, Антонио Конте ги негираше шпекулациите на италијанска „Репблика“ дека одржувал контакт со управата на Јувентус за евентуално враќање на чело на „Старата дама“.

– Јас категорично ги негирам информациите во написот на „Репблика“ дека сум зборувал со Јувентус и сум ги прашал дали ќе ме вратат назад ако го отпуштат Сари. Ќе го тужам авторот на веста и главниот уредник. Јас потпишав тригодишен договор со Интер и како што секогаш работев во животот, ќе работам напорно и ќе се борам со сите сили за да создадам профитабилен производ“, рече Конте, кој ги разбранува духовите во Италија со својата контроверзна изјава по последната рунда од Серија „А“.

Тој рече дека се чувствува недоволно заштитен од раководството на клубот.

Back to top button
Close