Конте: Кејн има големи заслуги за нашите победи

Во вчерашната победа над Лидс со 4:3, Кејн беше стрелец на првиот гол за Тотенхем.
– Мислам дека Хари одигра навистина важна улога, особено во последните 13 натпревари. Доколку овој период го завршиме меѓу четирите најдобри и се пласираме во следната рунда од Лигата на шампионите, ќе мораме да му се оддаде нему повеќе признание. Секогаш е важен играч, но сега има голем притисок на рамениците и одигра фантастично. На Мундијалот ќе оди со голем ентузијазам, во добра физичка форма. Според мене, тој е ментално посилен од порано, изјави Конте .
Кејн оваа сезона забележа 22 настапи за Тотенхем во сите натпреварувања, постигнувајќи 13 гола и три асистенции.
Дваесет и деветгодишниот напаѓач е вклучен во селекцијата на Англија за Светското првенство во 2022 година, кое ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември.






