Конте: Не добивме никаква поддршка од клубот

Тренерот на Интер, Антонио Конте ги предводеше „нероазурите“ до второто место во Серија „А“, откако неговиот тим заврши со само еден бод зад шампионот Јувентус.

Сепак, тренерот смета дека разликата меѓу двата клуба останува сериозна и неговиот тим има уште многу работа да направи за да се израмни со „бјанконерите“.

Конте исто така ги нападна шефовите на Интер поради тоа што не обезбедиле доволно поддршка на тимот во последните месеци.

– Момчињата и тренерскиот персонал заслужуваат пофалби за тоа што го постигнаа оваа сезона. Интер нема освоено толку многу поени долго време. Ние сè уште сме зад Јувентус и разликата не е мала. Мора да бидеме интелигентни и да не се нишаме помеѓу депресија и еуфорија, затоа што и двете се штетни и премногу крајни. Јас би рекол дека ја завршивме нашата работа во Серија „А“, ги подобривме нашите перформанси за Купот на Италија, стигнувајќи до полуфиналето, а сега се надевам дека ќе завршиме позитивно и во Лигата на Европа. Ова беше тешка година за мене, но мило ми е што работев со овие момци кои се вистински професионалци и дадоа се од себе, рече Конте.

Тренерот потоа започна да го напаѓа раководството.

– Годината беше тешка за мене, беше многу тешка. Мислам дека работата на играчите не беше ценета. Тие добија скоро никаква поддршка од клубот. Мораме да продолжиме да растеме и да се подобриме на секој начин, вклучително и надвор од теренот. Голем клуб мора да ги брани своите играчи Јас ќе разговарам со газдите за ова по крајот на сезоната, треба да се сретнам со претседателот кој моментно е во Кина. Последниве месеци бевме преплавени со критики, но немаме добиено никаква заштита од клубот. Проблемот е што имам визија за клубот, го знам патот што треба да го преземеме и што треба да направиме. Неодамна гледав интервју со Спалети во 2017 година. Сега сме 2020 година и ништо не е променето, можам да дадам насока во првата година, но ако не ги научиме лекциите и продолжиме да ги правиме истите грешки, тогаш едноставно сме луди. И сакам да е јасно – не зборувам за работата на пазарот и трансферите во клубот, додаде стручњакот.

Back to top button
Close