Конте: Путин ќе формира истражен одбор заради труењето на Навални

– Италијанскиот премиер Џузепе Конте денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин го известил дека ќе формира Комитет за испитување на наводното труење на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

-Претседателот Путин ме увери (во неодамнешен разговор) дека Русија има намера да разјасни што се случило и ми кажа дека ќе формира истражна комисија и дека е подготвен да соработува со германските власти, изјави Конте за „Ил фолио“.

Конте додаде дека соработката е најдобриот начин да се спречи овој драматичен настан негативно да влијае на односите меѓу ЕУ и Русија.

Навални, кој е во болница во Берлин, со авион  беше префрлен в Германија откако минатиот месец му се слоши на внатрешен лет во Русија.

Германија потврди дека Навални бил отруен од нервниот агенс Новичок и дека целта на нападот била тој да се убие, додека Русија наведува дека нема докази дека Навални бил отруен. сд/

Back to top button
Close