Конте се извини за навредливиот гест против претседателот на Јувентус

 Тренерот на Интер, Антонио Конте се извини за навредливиот гест кон претседателот на Јувентус, Андреа Ањели за време на полуфиналето на реваншот од полуфиналето во Купот на Италија.

– Сакам да се извинам. Неправилно одговорив на навредите. Можев да реагирам поинаку и сè ќе беше многу подобро. Оваа ситуација е поука за мене. Провокациите и навредите не можат да бидат изговор за таквото однесување, изјави Конте за „Фудбал Италија“.

За време на паузата на натпреварот Јувентус – Интер (0:0) Конте го покажа средниот прст кон трибината каде што седеше Ањели.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close