Конте: Во ЕУ или сите ќе добијат или ќе изгубат

Рим, 15 јули 2020 (МИА) – Или Европската унија ќе победи во целост или целосно ќе изгуби од предложениот Фонд за обновува од пандемијата на коронавирусот, изјави денеска италијанскиот премиер Џузепе Конте.

– Денес во ЕУ или сите ќе победиме или сите заедно ќе изгубиме, рече Конте во италијанскиот Парламент, по повод конфликтот меѓу земјите од јужна и северна Европа пред самитот на ЕУ за тоа прашање.

Според Конте, Италија нема да прифати „нејасен компромис“ за новиот фонд.

Италијанскиот премиер повтори дека ЕУ треба да понуди решенија, а не илузии и стравови.

Европската комисија предложи Фонд за закрепнување од 750 милијарди евра, од кои повеќе би биле грантови отколку кредити.

Земјите што се против тој формат, пред се Германија и Холандија, веруваат дека не треба да се за да се постигне договор и како што се наведува, Италија сака преговори меѓу двете групи земји. јт/

Back to top button
Close