Контраспин: Северна Македонија ја направи првата отстапка без Бугарија да возврати

Испраќањето дипломатска нота од Скопје до ОН, со објаснување дека краткото име – Северна Македонија, не имплицира територијални претензии кон Бугарија, е една од 5+1 точка за кои двете држави се усогласуваат подолг период. Досегашниот пристап од македонска страна беше дека се преговара во пакет за сите 5+1 прашање и дека согласноста за нив треба да донесе кревање на бугарското вето за земјава во ЕУ

Ако не се земе предвид „здравото црвено бугарско јаболко“ што премиерот Ковачевски го доби од бугарска новинарка, Северна Македонија направи отстапка без истовремено сличен гест на добра волја да дојде и од Бугарија

Една од новините што ја донесе посетата на бугарскиот премиер, Кирил Петков, на Скопје е објавата дека од денеска Бугарија почнува да го користи краткото име на земјава – Северна Македонија, на еднаков начин како и долгото – Република Северна Македонија. Мноштвото наслови во овдешните медиуми се базирани на тезата дека Бугарија се согласила да го употребува краткото име што, пак, е логична последица на речникот и објаснувањето што го користеше премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на прес-конференцијата со бугарскиот колега.

Денеска со премиерот Петков се договоривме Бугарија да го користи краткото име Северна Македонија подеднакво како и долгото име Република Северна Македонија. Тоа значи дека Бугарија нема веќе да ја кочи употребата на краткото име во ниту еден меѓународен или билатерален процес и за тоа ги извести Обединетите Нации. Истовремено, Северна Македонија, преку Министерството за надворешни работи, исто така, испрати вербална нота до Обединетите Нации во врска со употребата на нашето долго и кратко име, во која изрично се потврдува дека и двете имиња се еднакво валидни и во која се потврдува отсуството на какви било импликации врз територијалниот интегритет на Бугарија“,објави Ковачевски во присуство на Петков.

Нотата е предуслов за согласноста на Бугарија, а не согласноста за нотата

Но, анализата на реалната состојба на теренот на преговорите, открива дека вистинскиот редослед на потезите на оваа тема е различен од оној во изјавата на Ковачевски. Епилогот е тој – Бугарија од денеска подеднакво ги користи и краткото и долгото име (премиерот Петков тоа го направи неколку пати на пресот), но причините за тоа не се нејзина добра волја, сама по себе, туку одлука заснована на претходно преземен потег од властите на Северна Македонија. А, тоа е дипломатска нота испратена од земјава до Обединетите Нации со објаснување дека краткото име, на никаков начин, не имплицира територијални претензии кон Бугарија, зашто нели соседите сметаат дека Северна Македонија, како географски регион, се протега пошироко од границите на Република Северна Македонија, како административно-политички ентитет.

Всушност, ова е една од 5+1 точка за кои двете држави се усогласуваат подолг период. Па, погледнато низ позитивна призма, едно од отворените прашања меѓу двете земји е затворено, па отсега натаму ќе се преговара за 4+1 прашање. Погледнато низ негативна призма, пак, Северна Македонија направи отстапка кон Бугарија без за тоа да добие возвратно било што (ако не го земеме предвид „здравото црвено бугарско јаболко“ што Ковачевски го доби од бугарска колешка).

Замина Димитров, замина и досегашната тактика?

Не е тајна дека досегашниот пристап во преговорите од македонска страна се потпираше на очекувањето оти согласноста на двете страни за 5+1 прашање или, поточно, согласноста на Северна Македонија да одговори на бугарските 5+1 барање, треба да донесе согласност од Софија за кревање на ветото за Скопје, усвојување на Преговарачката рамка и закажување на првата меѓувладина конференција со ЕУ.

По неодамнешната прес-конференција на доскорешниот вицепремиер за европски прашања, Никола Димитров, стана јасно дека тоа бил пристап на кој инсистирал лично тој, за разлика, очигледно, од други(те) членови на тимот што ја граделе државната позиција во преговорите со Бугарија. Димитров, иако во форма на прашање, на пресот изрази несогласување со пристап во кој Северна Македонија ќе почне да одговара на едно по едно од бугарските 5+1 барање, без да добие возвратен позитивен одговор од Софија. Притоа, потсети дека во преговорите тоа се вика „салами-техника“, инсистирајќи на договор во пакет за сите 5+1 точка со истовремено „да“ од Бугарија за деблокада на македонските евроинтеграции.

Вистински или погрешен потег

Ако целта на Ковачевски, Османи и Маричиќ била да се креира позитивна вест за посетата на Петков, а со тоа да се даде ветер во грб на новиот пристап во дијалогот, кој по извесно време би резултирал со кревање на рампата во ЕУ, може и да се најде оправдување за промената на тактиката. Но, ако…

Јуни не е толку далеку.

Back to top button
Close