Конвој на армијата на Мали и на рускиот Африкански корпус нападнат на северот од Мали

Конвој со малиски војници и членови на рускиот паравоен Африкански корпус денеска беше нападнат на северот од Мали, соопштија три безбедносни извори и портпарол на вооружена група.
Еден од изворите изјави дека конвојот превезувал повеќе од 200 руски борци и повеќе од 100 малиски војници, објавија британските медиуми.
Конвојот бил нападнат рано утрово кога се движел кон северниот град Анефис, каде што има борби, соопшти извор.
Истиот извор рече дека сличен напад бил извршен претходно оваа недела врз друг воен конвој што се движел кон север.
Огранокот со Ал Каеда – Џамаат ал-Нусрат ал-Ислам вал Муслимин (ЏНИМ) и бунтовничката група предводена од Туарезите – Фронт за ослободување на Азавад (ФЛА) , во саботата извршија координирани напади врз армиски позиции низ Мали.
Портпаролот на ФЛА ја презеде одговорноста за нападот, додека не е познато дали ЏНИМ, исто така, учествувал во него.
Портпаролот на војската на Мали не одговори на барањето за коментар.
Во април, ФЛА и ЏНИМ спроведоа заедничка, координирана и медиумски фокусирана операција, кога го нападнаа аеродромот во главниот град Бамако и го убија министерот за одбрана.
Африканскиот корпус ѝ дава поддршка на армијата на Мали во борбата против бунтовничките групи кои ја дестабилизираат оваа западноафриканска земја од 2012 година.






