Копа Америка: Четириесет и еден позитивен случај на коронавирус

Бразилската Влада соопшти денеска дека бројот на Ковид-19 позитивни лица на Ковид-19 на Копа Америка, на кое учествуваат Бразил и девет други јужноамерикански фудбалски репрезентации, се зголеми на 41.

Министерството за здравство информираше дека меѓу делегациите кои учествуваат на Копа Америка има 31 позитивен случај на коронавирус, додека другите десет се од домашниот персонал вклучен во организацијата на јужноамериканското првенство.

Најмалку 13 членови на венецуелската и четири на боливиската делегација се позитивни на Ковид-19.

Од стартот на турнирот што започна во неделата со триумфот на Бразил над Венецуела од 3:0 извршени се близу 3.000 тестирања на коронавирус, соопштија бразилските организатори на Копа Америка.

Back to top button
Close