Корејката Ан прва олимпијка во Токио со три златни медали

Репрезентативката на Јужна Кореја во стреличарство Сан Ан стана првата спортистка на Олимписките игри во Токио со три освоени златни медали

Откако го освои златното одличје екипно и во мешани двојки, Ан ја освои олимписката титула и во поединечна конкуренција. Таа во финалето беше поуспешна од Русинката Елена Осипова со 6:5 во сет поени.

Бронзениот медал го освои Италијанката Лусила Боари.

Back to top button
Close