Короната го смени Борис Џонсон, реши да ослабне со помош на личен тренер

Британскиот премиер Борис Џонсон ангажира личен тренер Хари Џејмсон за да солабне , откако призна дека е „премногу дебел“ кога се зарази со корона вирусот.

Премиерот беше примен во болница со Ковид-19 во април, но тој вели дека од тогаш се посветил на вежбање.

Тренерот Џејмсон вели дека неговите вежби „го земаат предвид умот колку и телото“.

Искуството на интензивна нега се смета дека предизвикало промена во ставовите на премиерот за справување со дебелината.

Тој претходно ги критикувал даноците на храна богата со сол, маснотии и шеќер и го опиша неговиот став како „либерален“.

Во јули тој рече дека, иако тој не е човек кој се смета за „дадилка или шеф“, Британците треба да изгубат на тежина за да се заштитат од вториот бран на вирусот.

– Дебелината е еден од реалните фактори на коморбидитет. Губењето тежина, искрено, е еден од начините на кој можете да го намалите сопствениот ризик од коронавирус – рече Џонсон.

Во обид да се реши проблемот, владата објави дека ќе забрани рекламирање брза храна на ТВ пред 21 часот.

Лично, британскиот премиер рече дека „сакал да ослабне со години“, додавајќи дека се бори со масните наслаги.

Back to top button
Close