Коронавирус: Берлин нуди лекување на македонски пациенти во Германија

Министрите за одбрана на НАТО денеска договорија оперативен план за евентуален втор бран на Ковид-19. Министерката за одбрана Шекеринска вели дека Германија нуди лекување на пациенти.


Германија преку својата министерка за одбрана Анегрет Крамп Каренбауер понудила лекување на пациенти од Северна Македонија во своите клиники, соопшти денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Во екот на кризата со коронавирусот во Франција и Италија, Германија веќе ги отвори вратите за пациенти од двете земји, а сега истото им го нуди и на сите земји-членки на НАТО. Ваквата понуда Шекеринска ја добила пред повеќе од еден месец од нејзината германска колешка.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска
Оперативниот план кој денеска го договорија министрите за одбрана на 30 земји-членки на НАТО предвидува создавање на заеднички залихи на медицинска опрема и кризен фонд вреден милиони за инвестиции во критични медицински резерви, соопшти генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
Клучната задача на НАТО за време на пандемијата е да се осигура дека „здравствената криза нема да прерасне во безбедносна криза“, рече Столтенберг.

извор: дв

Back to top button
Close