Коронавирус во одделот за микробиологија во Загреб, цела смена во изолација

 

Звонимир Шостар, раководител на загребскиот Завод за здравство, во понеделникот соопшти дека коронавирусот влегол во одделот за микробиологија во Институтот за јавно здравје „Андрија Штампар“.

„Ковид влезе во микробиологија. Една цела смена е во изолација, така што, ова е уште еден проблем за нас“, рече Шостар.

Тој истакнал и дека добил дозвола од градоначалникот на Загреб да ангажира повеќе лабораториски техничари и инженери, онолку колку што се потребни.

„Проблемот е што на пазарот на труд нема микробиолози, но ќе ангажираме повеќе лабораториски техничари“, рече Шостар.

Тестирањето во Институтот за јавно здравје ќе продолжи од 8 часот наутро до 4 часот попладне, но резултатите ќе доцнат поради недостиг на персонал.

Во последните 24 часа во Загреб се регистрирани 67 нови случаи на коронавирус. Во самоизолација има 119 лица.

„Моите црни предвидувања се остварија“, рече Шостар на прес-конференција.

Back to top button
Close