Коронавирусот се врати во Дебар  

Во општина Дебар каде што подог период немаше позитивни на ковод 19, по цели  48 дена, во општина Дебар повторно има пациент позитивен на Ковид 19. Информацијата ја повтврди и градоначалникот на Дебар Хекуран Дука кој соопшти дека станува збор за жена од селото Долно Косоврасти, која пред три дена била примена во општата болница во Дебар  со висока температура  а потоа препратена итно во Клиничкиот центар во Скопје, каде што потврдиле дека е болна од Коронавирус.

Станува збор за жена на средни години која предходно имала операција и проблеми со високиот притисок.

Градоначалникот Дука кој се повика на анкетите направени од страна на епидемиологот соопшти дека пациентката има контакти со членови на семејството  како и со неколку здраствени лица во општата болница во Дебар.

Кризниот штаб во Дебар во договор со надежните институции информираше преку градоначалникот Дука дека полицијата има поставено пункт за контрола на селата Долно и Горно Косоврасти и го контролира влезот и излезот на селото. Во текот на денешниот ден ке се изврши целосна дезинфекција на џамиите , училиштата и другите јавни објекти во двете села  се со цел да се оневозможи ширењето на инфекцијата. 

Епидемилошката служба во Дебар беше во селото Долно Косоврасти и притоа ги има пфевземено сите потребни активности .

Инаку голем е бројот на жители од оваа село кои работаат во Дебар  и фрекфенцијата е секојдневна .

 

К. М.

Back to top button
Close